Ви преставуваме неколку предлози за комбинирање на оваа модерна боја на косата во неколку стилови.
Ако некогаш сте се запрашале зошто, буквално, секоја славна личност експериментирала со бургунди бојата на коса во одреден момент од животот, веројатно е затоа што виолетовите нијанси имаат чудна способност да му одговараат на секој тон на кожата.
По правило, ладните тонови одговараат најдобро со потопла бургунди боја, а топлите тонови изгледаат подобро со постудени тонови на бургунди нијансата.
Но, ако сте сеуште малку исплашени од идејата да ја исфарбате целата коса со различна нијанса, не грижете се: сè уште можете да го испратите бургунди трендот со неколку стручно направени прамени или слични нијанси.
Ви даваме неколку предлози за комбинирање на оваа модерна боја на косата во неколку стилови.
Суптилен бургунди омбре
Ако сеуште не сакате да одите во крајност, следете го примерот на Пријанка Чопра и направете многу светло омбре што се прелева на бордо само кога ќе се најде на светлина.
Бургунди прамени
Направете храбар избор со живописни бои како што тоа го направи Кери Вашингтон.
Доколку имате кадрава или брановидна коса, прамените нека ви бидат подебели за да се забележат.
Офарбајте ја целата коса
Доколку се одлучите за овој потег, задолжително кажете му на вашиот фризер да ви направи третман за сјај на косата, за вашата коса да изгледа свежа и здрава.
Бургунди прелив
Ако сакате да ја испробате оваа боја, само одлучете се за колор шампон или прелив во оваа нијанса.