Социјалните мрежи „пукаат“ поради новиот летен моден тренд.
Промовирањето на летните трендови на Instagram веќе започна. Меѓутоа, само едно бикини го сврте паметот на сите инфлуенсерки и тоа бидејќи речиси ништо не покрива.
Костимот за капење, што оваа сезона е must have, деликатно го истакнува сето она што треба да се истакне.
“Underboob” бикинито го облекоа сите влијателни дами на Instagram и ве охрабрија да замислите како и вие ќе изгледате во него во текот на летото.
Ако се прашувате како би требале да го опишете ова бикини, тогаш вистинските зборови се – откриен долен дел од градите.
https://www.instagram.com/p/BvdZAEthGh6/?utm_source=ig_embed
Разликата помеѓу моделите е само во горниот дел. Постојат оние кои се како маица, постојат топ парчиња, полукорпи и оние каде што горните и долните делови се споени со ленти.
Долниот дел не се разликува многу. Станува збор за тесно-исечени гаќички кои достигнуваат над колковите.
Ваквиот модел на костим за капење буквално повикува на фантазирање. Не е можно да не размислувате што уште е скриено под него кога ќе го видите.
За костимот со маицата може да се каже – тие се обиделе да се сокријат, но сепак не се сокриле.
Фановите на Инстаграм буквално полуделе кога ги виделе своите миленички облечени или разголени во “underboob” костимот за капење.