Холандија не е само Амстердам. Има толку многу убави работи кои треба да ги посетите во оваа прекрасна мала земја, а еден од предлозите е, секако, градот Утрехт.
Секој агол на Холандија е приказна сама за себе, па овде најдобро може да се види хармонијата на човекот и природата. Романтичните канали се движат низ целата земја, а така е и во четвртиот по големина град, Утрехт.
Тој се наоѓа во провинцијата со исто име на север од земјата и може да се каже дека е значаен и посебен на многу начини.
Првенствено, тоа е град на младите, бидејќи е Универзитетски центар, најголемиот во Холандија. Исто така, центар е и на железничката пруга и важен транспортен центар за целата земја.
Уште една работа по што е посебен се убавите замоци расфрлани во зеленото опкружување. Иако се во приватна сопственост, многу од нив се отворени за посетители, а најпопуларниот е Де Хар од почетокот на дваесеттиот век, во кој семејството Ван Зилен уживаше во богатството и уметноста.
Тој е дизајниран како средновековна тврдина со кули, мобилни мостови и масивни порти. Опкружен е со прекрасно уредена градина со тревници и езерца.
Најпознатата атракција на градот Утрехт е Дам Кулата на на црквата од 14 век, до чиј врв водат 465 скали и од таму се шири прекрасна панорама. Ова е највисоката кула во цела Холандија.
Освен од воздухот, другата димензија на градот најдобро ќе се почувствува од реката, пловејќи низ каналите со специјални чамци, или со велосипед, како вистински Холанѓанец.
Не треба да ги пропуштите познатите ботанички градини, како и музеите како оние посветени на железницата, уметноста, холандската борба со водата и музиката.