← НАЗАД НА БОЗА

#hairinspo: Плетенките се идеална фризура за дождливите денови

#hairinspo: Плетенките се идеална фризура за дождливите денови
70 Читања

Со доаѓањето на топлите денови, се појавуваат некои посебни желби за уредување и обликување на косата, сепак, иако времето треба да биде идеално, понекогаш знае да не изненади и да ни ги  измени плановите, но за среќа постојат одлични фризури кои поднесуваат дожд и влага, а истовремено изгледа одлично!

Плетенките се една од оние фризури кои секогаш изгледаат одлично и убаво изгледаат во секоја пригода.

Она што ни се допаѓа кај оваа фризура е фактот дека доаѓа во многу варијанти, односно плетенките можете целосно да ги прилагодите на својот стил и да ги носите оние романтични или рок, како и оние популарни бохо или целосно измазнети.

Уште една од предностите на оваа фризура е фактот дека е многу практична и брзо да се направи, па со малку вежбање и напор можете лесно да ја направите сами, без помош на фризер.

Во периодите кога времето е влажно и дождливо, или обврските едноставно не ви дозволуваат фенирање, плетенки се спас за сите ваши проблеми и ќе заблескате со одлична и фиксна фризура.

Некои од најпопуларните стилови за плетење на коса се дефинитивно рибината коска, messy плетенка на страна, круна или популарните “dutch” плетенки.

Иако опашката и пунџата, исто така, се некои од фризурите кои ни се допаѓаат кога немаме време, мора да се напоменеме дека плетенката е многу поефикасна и поатрактивна и подеднакво добро функционира во дневните и вечерни излегувања.

Кога зборуваме за плетенки за секојдневно носење, ние ги препорачуваме оние лабавите и помалку неуредни, кои ќе паѓаат неформално и ќе го врамат лицето, а во вечерните часови може да вложите напор и плетенките да ги украсите со тренди украси за коса како шноли, панделки и ленти или експериментирајте со плетенки на подигната коса.

 

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk