Одлична вест за сите љубители на легендарниот француски бренд.
Легендарната француска модна куќа Hermès објави возбудливи вести, наскоро ќе го видиме вкусот на нивниот препознатлив луксуз во линијата на производи за шминка и нега на кожата што се планира за наредната година.
Брендот најави дека производството ќе се наоѓа во Франција и Италија и дека пакувањето нема да вклучува пластика.
Покрај тоа што е познат по култната торба на Биркин, Hermès е исто така познат по парфеми, од кои само минатата година заработиле 355 милиони долари, па затоа веруваме дека продолжувањето на развојот во сферата на убавината ќе се покаже како одличен деловен потег.
Ако судите според убавината што ја видовме на последните неколку ревии на оваа модна куќа, веруваме дека Хермес подготвува одлична линија која ќе ги израдува сите љубители на добро негувана и сјајна кожа и неутрален make-up.