Научниците идентификуваа повеќе од 300 генетски мутации кои го зголемуваат ризикот од хиперактивност за 19 проценти, а ова откритие може да ги побие оние кои тврдат дека тоа е само изговор за лошо однесување.
Според најновите истражувања, постои можност хиперактивноста да се забележи во нашата ДНК. Научниците идентификувале повеќе од 300 генетски мутации кои со 19 проценти го зголемуваат ризикот од ова ментално нарушување.
Мутациите влијаат на централниот нервен систем на заболените, кои потоа влијаат врз развојот на мозокот и сигнализацијата на нервните клетки.
Ова откритие може да ги побие тврдењата на критичарите кои велат дека хиперактивноста е само изговор за лошо однесување.