Вежбањето не е само здраво, но, исто така, и забавно, а да истраете во одржувањето на кондиција или во губењето на тежината можат да ве мотивираат и апликациите со кои можете да вежбате дома.
Новата година носи нови трендови во вежбањето.
Иако минатата година ја одбележа “indoor cycling”, групната програмата за „собен“ велосипедизам, во 2019. година, еден од водечките трендови е веслањето.
Исто како што стационарниот велосипед симулира „вистински“, така и ергометрите во затворен простор симулираат веслање на вода.
Веслањето ги активира сите големи мускулни групи, а едно веслање придвижува повеќе од 90 проценти од мускулите, и тоа со многу ниско оптоварување на зглобовите и интензитет што одговара на секој поединец.
Веслањето има благотворно влијание врз кардиоваскуларниот и респираторниот систем, како и метаболичките процеси, па затоа е идеален за луѓе кои се борат со дебелината.
Кога ќе се постигне целта на задоволството од вежбањето, нема откажување, а добри асистенти се и апликациите со кои можете да вежбате дома.
1. Апликацијата FREELETICS BODYWEIGHT ќе ви помогне да го зајакнете тонусот на мускулите. Пред да почнете да ја користите, поминете тестирање за да можете да го изберете одговарчкиот неделен план за вашите фитнес и физички потреби. Вежбите можат да се изведуваат во многу мали простории.
2. COUCH TO 5K апликацијата има буквално мото „од каучот до 5 километри“. Таа е наменета за почетници во трчање, а за неа е потребно да се потите 30 минути дневно, три дена во неделата во текот на девет недели.
3. MYFITNESSPAL-Under Armour-овата 3-во-1 апликација ја контролира исхраната, ги брои калориите и ве мотивира да вежбате. Со повеќе од шест милиони оброци во базата, следи колку калории се внесени, а колку се потрошени.
4. KEELO апликацијата обезбедува висок интензитет на функционални тренинзи за сила и кондиција што нема да ви го трошат времето, но ќе ги трошат калориите. Поточно, во HIIT (high intensity interval training) се користат наизменичните периоди на работа на висок и низок интензитет или активен одмор. Апликацијата, исто така, ви овозможува пристап до виртуелниот тренер кој одговара на прашања и обезбедува информации за програмата за тренинг.