Мода

H&М летна колекција инспирирана од гламурот на ривиерата

Почетокот на летото 2019 година ќе го одбележи колекцијата на марката H&M инспирирана од гламурот на ривиерата, која се карактеризира со смел шик – од дезените, преку комбинација на лесни и кратки фустани, до бои од палетата на земјени тонови – портокалова, беж, кафеава и жолта боја.

Колекцијата ќе биде достапна во H&M продавниците од средината на мај.

„Релаксирана, но сепак софистицирана, ривиерата е непресушен извор на инспирација за модата и оваа сезона воведовме неколку кашмир дезени, како освежување. Акцентот е ставен на интересното врзување, како што се лентите кои се врзани околу вратот, а и на меките, лесни материјали“, вели Марија Oстблом, директорка за дизајн на женска облека.

Летната H&M колекција се состои од фустани, блузи, здолништа и бермуди, направени од Tencel мешавини, рециклиран полиестер и мешавина на памук и лен, добиени од обновливи извори.

Со ова се преземени значајни чекори кон целта за користење на само 100% рециклирани или други материјали од одржливи извори до 2030 година.

Со оваа колекција, дебитираше и новата техника за боење, која користи природни бои добиени од растенија, вклучувајќи нар и куркума.

Широки и плисирани фустани, кратки блузи, чипка, длабоко деколте и набори кои во исто време даваат текстура и го истакнуваат вашето тело, доминираат во колекцијата.

Макси и мини фустаните елегантно се движат со секој чекор, а парчињата како туниките и sarong здолништата можат да се носат и на плажа или како облека за секој ден.

Напиши коментар