Се чини дека оваа пролет многу модни и beauty правила „паѓаат во вода“. Па така една од највпечатливите фризури е природно кадравата коса со шишки, што досега сигурно не би ги поврзале.
Многу it девојки, токму оваа фризура ја доживеаа како онаа што гарантира младешки, шик и релаксиран изглед.
Многу фризери сега коментираат дека шишките се идеални во комбинација со кадрава коса, бидејќи совршено се вклопуваат со кадрици и изгледаат многу природно.
Ако имате природно кадрава коса и сакате да имате шишки, кои совршено се вклопуваат со вашата фризура, мора да се придржувате на следниве правила.
Исушете ги природно
Стилизирајте ги шишките додека вашата коса е уште влажна, а потоа оставете ги да се исушат природно.
За стајлинг, користете производи наменети за кадрава коса, а од друга страна, заборавете на расчешлувањето на шишките со четка за коса, само нежно наместете ги со прстите, за кадриците да останат на место.
Обрнете внимание на должината
Доколку носите кадрави шишки, оставете ја должината на шишките малку подолга од вообичаеното, бидејќи косата кога ќе се навитка има тенденција да се собере и шишките можат да изгледаат премногу кратки.