← НАЗАД НА БОЗА

И во 2019. година ќе носиме романтични плисирани здолништа

И во 2019. година ќе носиме романтични плисирани здолништа
26 Читања

И оваа зима можете да изгледате екстравагантно и романтично, а во тоа може да ви помогне едно едноставно модно парче, кое во секоја модна комбинација изгледа софистицирано.

Станува збор, се разбира, за плисираното здолниште, што оваа сезона се наоѓа на самиот врв на модните трендови.

Модните експерти тврдат дека овој модел на здолниште не излегува од мода, бидејќи станува збор за кројот и материјал, кој прекрасно соодвествува со секоја женска фигура.

Со оглед на тоа што оваа година носи некои похрабри трендови, оваа сезона изберете посмели модели на плисирани здолништа во металик бои, кои се апсолутен моден хит.

Во зима, овие здолништа изгледаат особено добро во комбинација со плетени џемпери и интересни чизми.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk