Белата кујна е сеуште предизвик за дизајнерите – како што одговорија италијанските експерти – погледнете!
Секоја домаќинка сака и не сака бела кујна!
Таа ја сака, бидејќи белината отсекогаш е симбол и синоним за чистота, а која дама не би сакала секогаш кујната да и свети…
Се разбира, постојат и причини поради кои се и „против“ – бидејќи белата кујна може да изгледа стерилно, студено, непријатно …
Италијанската кујна “Forma Mentis Angel Skin” одговара и на првата и на втората желба: во неа преовладува белата боја, но исто така има и дискретни елементи со нежно сива нијанса!
Италијанскиот производител на кујни “Valcucine” ја претстави оваа одлична идеја – кујнски простор во сиво-бела комбинација на елементите и едноставни линии.
Кујната е точно прилагодена на потребите на корисниците на модерен, но умерен, флексибилен и елегантен начин. Се чини дека има малку рачки, но сосема доволно простор за чување на нештата.
Покрај тоа, овие ефективни линии кои ги разделуваат орманчињата му даваат специфична динамика на севкупниот впечаток. Работната плоча е во различна сива нијанса, а лентата е контрастна – црна!
Затворените хоризонтални висечки орманчиња беа надополнети со две отворени црни полици за детали, а долж целата кујна, беше поставена црна шипка за кулинарна опрема.