Чајот од црвените плодови на шипките е незаменлив во лечењето на настинката, а особено се препорачува при отстранување на заморот, малаксаноста, анемијата.
Поради богатството на витамин Ц, кој не се губи со варење, чајот од црвениот плод на шипките е незаменлив во лечењето на настинките.
Особено се препорачува за отстранување на замор, малаксаност, анемија или за сите проблеми кои се јавуваат поради недостаток на витамин Ц во организмот.
Пожелно е да се пие за прочистување на крвта. Исто така делува добро на органите за варење, но и на уринарниот тракт без иритација на бубрезите.
Чајот од шипки се препорачува и за спречување на создавањето на песок во бубрезите и уринарните канали. Се користи и кај воспалителните процеси на бубрезите и уринарниот тракт.
Освен плодот, за подготовка на чајот се користат и ливчиња од ова растение собрани за време на цветањето.
Чајот од ливчињата е ефикасен при крварење од желудникот, цревата, белите дробови, но исто така и против хемороиди, дијареа и грчеви во желудникот.