Со оглед на тоа што косата е она што ја краси секоја жена и ја прави попривлечна, не е ни чудо што секој од нас сака косата да му биде секогаш убава, здрава и стилизирана.
Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.
Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.
Сепак, постојат фризури, кои дури и густата коса можат да ја „скротат“ и да ја сочуваат формата во текот на целиот ден.
Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.
Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.
Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.
Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.