Sweet Home

Имагинативни решенија за боите и ѕидовите во модерен стан

Ентериер за млади кој носи во себе фантастична енергија што  секогаш добро ни доаѓа како дополнителен извор кога нашите резерви секнуваат… погледнете ги интересните решенија за дневна и детска соба во овој модерен стан.

Кога ќе завршите со посетата на галеријата на овој интересен, модерен стан, декориран и потпишан од руското дизајнерско студио I AM HOME, можеби нема веднаш да го запаметите распоредот на мебел и обликот на просторијата, но дефинитивно ќе понесете чувство на спокој и младешка енергија.

Креативните решенија се секако најзабележливи кога станува збор за ѕидовите и подовите во овој стан – извонредна комбинација на плочки, искречени делови, дрвени панели, имитација на бетон и тапет со дезен на цигли ја трансформираат секоја соба во мал изложбен простор за симпатичните и креативни детали: преголеми црно – бели фотографии, впечатливи лампи, интересни закачалки …

Со исклучителни парчиња на мебел и фенси подни прекривки, во галеријата сигурно ќе најдете барем некои од дизајн елементите кои ќе ви се допаднат …

Напиши коментар