Обрнете внимание на ова …
Многу жени, поради незнаење или срам, менструалните проблеми не му ги кажуваат на гинекологот, но за овие три проблеми мора да им се доверат.
Обилна менструација
Организмот на секоја жена е различен, така што и менструацијата е различна. Количината на крварење е она на што треба да посветите поголемо внимание.
Ако треба да ја менувате влошката често за време на крварењето, односно ако целосно се натопи во рок од еден час или трошите најмалку 10 тампони дневно, тогаш имате обилно крварење чија причина треба да се испита.
Долготрајна или премногу кратка менструација
Времетраењето на крварењето варира од жена до жена. Гинеколозите ве советуваат да контактирате со нив ако крварите повеќе од 7 дена или пократко од 2 дена.
Во овој случај, имате менструација со невообичаено долго или кратко траење, и треба да дознаете зошто ова се случува.
Згрутчувања
За време на менструацијата се јавува одвојување на слузокожата на матката и затоа може да се случи да забележите мали згрутчувања, особено во периодот кога најмногу крварите.
Меѓутоа, ако овие згрутчувања се големи и ако се јавуваат секој ден од менструацијата, тогаш мора да се јавите на гинеколог.