Убавина

Инспирација за пролетен маникир кој ќе го обожавате

Романтичниот и женствен маникир во боја е совршен избор за пролетта што доаѓа.

Ако барате инспирација за нов маникир, завршивме дел од работата за вас и пронајдовме слатки идеи на кои тешко можете да им одолеете.

Основата на најубавите маникири се здрави и добро средени нокти со убава форма.

Новите beauty трендови за 2019. година, кога станува збор за маникир, ги наметнуваат пастелни нежни бои или оние спротивните, живите.

Коралната боја на Институтот Pantone беше прогласена за боја на 2019. година, па таквите нијанси се пожелни да се носат и на ноктите.

Во коралната боја ќе уживаат љубителките на природниот и минималистички изглед, бидејќи ноктите нема премногу да се истакнат, но ќе останат добро средени и со софистициран изглед.

Покрај коралната, нијансите на розева, црвена и зелена боја се фаворити за најубавите маникири кои ги пронајдовме како инспирација на Instagram.

На класичниот француски маникир, додадете му изместен и поинаков изглед со додавање на бои, а особено ќе се истакне формата на полумесечина, која визуелно ќе ги направи ноктите подолги.

Со малку напор и вештина, можете сами да го направите овој маникир со два или повеќе различни лакови за нокти, а секогаш можете да им се препуштите и на рацете на професионалците.

Со облик на полумесечина, интересно ќе изгледа сличен маникир со лента која поминува низ средината на ноктите, а во пастелни тонови ќе потсетува на слатки.

Црвена и розева или комбинација на розева и baby сина, препуштете и се на вашата имагинација и создадете маникир за кој ќе добиете пофалба.

View this post on Instagram

Rust + sky lend a 70s vibe to our New Movement design.

A post shared by Paintbox (@paintboxnails) on

 

Напиши коментар