Како да внесете малку промена во дневната соба?
Францускиот моден дизајнер Christian Lacroix го насочи својот фокус на создавање на домашен декор, елегантни свилени ткаенини и кревки прибори за јадење, што може да се спореди со накит.
Дизајнерот ги најави сите негови нови креации на Instagram – се појави релативно неодамна, пред една година.
Францускиот шик во дизајнот на ентериер се покажа како целосен хит.
Во моментов, @christianlacroixmaison профилот има седум илјади претплатници, а има објави на неколку дена.
Секоја слика е идеална инспирација за оние кои сакаат убаво да го опремат својот дом.
Во продолжение откријте како да го освежите ентериерот со Christian Lacroix.
