Bridal

Интересни начини да објавите дека сте верени

Бидете креативни и необични начин известете ги вашите најблиски, дека сте верени.

Најверојатно ќе сакате, веднаш по веридбата, преку статусот на социјалните мрежи или преку СМС сите да ги информирате за добрата вест. Но, бидете трпеливи и креативни и направете го тоа на еден поинаков начин.

Организирајте забава.

Вашите најблиски нека дојдат на забава на која ќе им ја соопштите добрата вест. И начинот на кој ќе им го соопштите тоа може да биде некој од следниве предлози.

Снимете краток филм.

Ако сте вешти снимете краток филм за вашата љубов и на крајот соопштете дека сте верени. Видеото може да се прикаже на забавата, да го споделите на социјаните мрежи или по e-mail на вашите пријатели.

Облеката открива сè.

Направете маици со натпис „Штотуку верени“ или „Идна Г-ѓа“ и сликајте се, а овие фотографии можете исто така да ги испратите на своите пријатели и роднини.

Дајте му обврска на миленичето.

Ако посебно место во вашиот живот имаат домашни миленици, ставете им околу вратот натпиској вели: „Мојот пријател со две нозе ќе стапи во брак“ или нешто слично.

Сликајте се со транспарент.

Исто така можете и сами да направите натписи како „Ја запросив“ и „Кажав да“ и сликајте се.

Како некогаш.

Изненадете ги вашите најблиски со телеграма, сигурно ќе бидат воодушевени.

Напиши коментар