Art & Crafts

Исчистете ги чевлите од превртена кожа

Постојат различни трикови за чистење на чевлите од чувствителната превртена кожа, како што се триење со гумичка за бришење на молив или блага четка, но најлесен начин е да се натопи памучна крпа со мицеларна вода.

Превртената кожа е многу тешка за одржување, но е убава, нежна и со задоволство ја носиме.

Натопете ја памучната крпа со мицеларна вода и со нежни движења пребришете ги чевлите. Штом се исушат, ќе изгледаат како нови.

 

Напиши коментар