← НАЗАД НА БОЗА

Изберете совршен вел за вашата венчаница

Изберете совршен вел за вашата венчаница
35 Читања

„Велот е симбол на чистота и има за цел да ги спречи злите духови. Стана популарен со венчавката на Џеки Кенеди и принцезата Дијана, по што стана дел кој го надополнува и го нагласува целокупниот изглед на невестата.“

Фустанот на невестата е главната атракција што ќе ја забележат и мажите и жените.

Венчавката е централен дел околу кој треба да се усогласат сите детали, а меѓу нив е и велот.

Велот треба да биде додаток кој ќе го истакнува целокупниот изглед на убавицата која се подготвува да стане жена.

Треба да го изберете велот што е можно порано. Идеално би било да го изберете во исто време кога и венчаницата за да го дополните изгледот. Потоа можете да си играте со него и да го подобрите ако сакате.

Ако имате формална свадба, велот треба да биде подолг, а ако се мажите на плажа или на некое друго не толку формално место тогаш подобра опција е пократкиот вел.

Консултирајте се со стилист или пријателка кога ќе ги бирате совршените додатоци за вас. Сигурно ќе имаат добар предлог и совети за вашиот изглед.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk