„Адвокатите работат на овој случај“, објави американскиот печат!
Слушнавме за маките кои ги мачат познатите личности со голи, провокативни фотографии украдени од нивните телефони или приватни сметки на Интернет, но ова е нешто ново!
Излезе фотографија од вереникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез, во тоалет!
Адвокатите на поранешната бејзбол ѕвезда работат на овој „случај“, бидејќи неговата слика се појави на интернет.
Сликата покажува како Алекс со спуштени пантолони седи на шољата, и „се олеснува“ додека го држи мобилниот телефон.
Се претпоставува дека сликата излегла затоа што вереникот на Џеј Ло заборавил да ги повлече завесите, а наспроти неговиот пентхаус во Њујорк се наоѓа деловен објект.
„Ова е сериозно нарушување на приватноста и ние ќе ги покренеме сите можни постапки за да го спречиме тоа“, рекоа неговите адвокати.