Новости

„Ја напуштам музиката за да бидам подобар татко“

Рече пејачот кој нема деца!

Џастин Бибер минува низ тежок период со месеци.

Младиот пејач одеднаш се ожени, а потоа постојано беше фотографиран со неговата нова сопруга, Хајли Болдвин, во јавноста во моменти на целосен нервен слом. Тој плачеше и се жалеше пред објективите на папараците, додека манекенката го тешеше.

Потоа Бибер објави дека веќе со години се бори со депресија и анксиозност, и дека се обиде да најде утеха и спас во религијата, но дека сега сепак мора да направи пауза во кариерата.

„Читам дека ми барате нов албум. На турнеја сум најголем дел од своите тинејџерски и дваесетти години. Знам дека веројатно сте забележале дека на претходната не бев среќен. Вие не го заслужуваат тоа, плаќате за да дојдете на енергичен и забавен концерт, а јас емотивно не бев во можност да ви го обезбедам тоа. Јас сум во потрага, се обидувам и грешам, како и секој, и сега сум фокусиран на надминување на своите најдлабоки проблеми. Сакам да ги надминам за да не се распаднам, да можам да го одржам мојот брак и да бидам најдобар татко што можам да бидам. Музиката е многу важна за мене, но ништо не е поважно од семејството и здравјето “, напиша тој.

Напиши коментар