← НАЗАД НА БОЗА

Ја објасни ОНАА изјава за воспитување на деца

Ја објасни ОНАА изјава за воспитување на деца
49 Читања

Кејт Хадсон неодамна привлече внимание, велејќи дека сака да ги израсне децата „бесполово“, односно неоптеретени од родовите улоги и стереотипи. Сега таа ја објасни нејзината изјава.

Актерката Кејт Хадсон неодамна изјави дека своите три деца, две момчиња и едно девојче, сака да ги воспитува „универзално“ и „бесполово“, но сега вели дека оваа изјава е „смешна и апсурдна“.

Таа одлучи да го разјасни овој коментар откако беше цел на бројни критики, па затоа напиша порака на Instagram.

„Драги пријатели, фанови и други кои го читате ова, неодамна некој ме праша дали девојчето ќе го воспитувам поинаку отколку момчињата.

Мојот одговор беше едноставен, но навистина не е едноставен. Тоа што реков дека мојата ќерка ќе ја воспитувам „бесполово“ беше глупаво и искрено, нема никаква смисла.

Ги воспитувам моите деца и ќе продолжам, и момчиња и девојчето, да се чувствуваат слободни да бидат тоа што сакаат да бидат. Да имаат самодоверба сами да ги направат сопствените животни избори и да се чувствуваат сакани, без разлика на се.

Тоа што реков дека имам „бесполов пристап“ кон воспитувањето беше начин да се сврти разговорот во насока надвор од женскиот стереотип. Едноставно, мислам дека тоа е некако застарено.

Не сакаат сите девојки да бидат принцези, некои сакаат да бидат и кралеви. И тоа е сосема во ред што се однесува до мене“, пишува Кејт, па таа продолжи.

„Само се обидувам да ги воспитам своите деца да бидат добри луѓе, со најдобрите алатки да се соочат со овој голем луд свет. А ако тие израснат и се идентификуваат некако поинаку во споредба со тоа како другите очекуваат да се идентификуваат.

Мама нема проблем со тоа.

Сакам работите да бидат едноставни, бидејќи сите знаеме дека одгледувањето на децата едноставно не е лесно“, заклучува Хадсон.

View this post on Instagram

Monday thoughts ❤️

A post shared by Kate Hudson (@katehudson) on

Покрај ќеркичката, Кејт ги има и синовите Рајдер (15) и Бингам (7).

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk