Passeier Valley, Италија.
Додека може да ви наликува на сет од Lord of the Rings, ветуваме дека посетата на оваа мала скриена сауна е многу поопуштена од денот поминат во Хобитон.
Луксузната Applesauna се наоѓа во долината Passeier во северна Италија, скриена на зелен рид во широкиот овоштарник со јаболки во Apfelhotel Torgglerhof, хотелот со три ѕвезди.
Го користи методот на финска сауна, камења се загреваат на шпоретот и водата се истура врз нив за да се создаде топла и парна атмосфера потребна за гостите да се релаксираат.
Дрвени клупи покрај бетонските ѕидови и прозорци од подот до таванот пропуштаат природна светлина.
Најдобро од сè е што гостите кои уживаат во внатрешноста на сауната се почестени со панорамски поглед на околните дрвја и ледените планини од блиските Сарнтал Алпи.
Кога ќе завршите со уживаето во сауната, можете да ја посетите блиската колиба која е трансформирана во место за одмор каде ќе бидете послужени чај и свежо овошје (без сомнение јаболко или две) додека температурата на телото не се олади.