Како успеала да остане во толку добра форма, Јелена открила на нејзиниот профил на Instagram …
Сопругата на најдобриот тенисер и актуелниот број еден, Јелена Ѓоковиќ, е одличен поддржувач на здравиот живот.
Сопругата на Ноле со пријателите на социјалните мрежи често разменува искуства во врска со здравата исхрана и фитнес, а од неодамна покажа која физичка активност моментално најмногу и одговара.
Всушност, Јелена практикува специјален вид на јога наречена Aerial Joga, која ги комбинира традиционалните јога пози, пилатес и танц со употреба на висечка лента.
Ѓоковиќ секојдневно издвојува време за вежбите, а најновата фотографија ги покажува нејзините нови вештини.
„Чувството да бидете наопаку и не е толку лошо ако го предизвикувате сами – тогаш сте спремни на сè“, пишува Јелена во описот на фотографијата.