Потенок струк, поеластичен ‘рбет и поголем капацитет на белите дробови се резултатите од вежбите во оваа позиција.
Свиткување на рбетот во седечка положба (оригиналното име на оваа асана е Ardha Matsyendrasana) има корисен ефект врз ‘рбетот, благодарение на постепеното истегнување и ги тонира бутовите и стомачните мускули.
Исто така, го стимулира дигестивниот тракт, така што ќе ви помогне во брзото варење на храната и согорувањето на калории, а особено добро делува врз масните наслаги околу половината.
Покрај сето ова, ги затегнува и мускулите на горниот дел од телото. Оваа позиција е специјално наменета за зголемувањето на капацитетот на белите дробови за да можете да вдишете повеќе кислород.
Како се изведува:
Ќе седнете на подот, со споени нозе и исправен рбет. Префрлете ја десната нога над левата, левата рака потпрете ја на десното колено и потпрете се на десната дланка на подот позади вас.
Полека свиткајте го ‘рбетот, со тоа што прво ќе ја свртите половината, па рамената и вратот на десно, се додека не бидете во можност да погледнете преку десното рамо. Задржете ја положбата со лесно вдишување и издишување.
Вратете се во почетна позиција по истиот редослед: прво опуштете ги мускулите на половината, па градите и, на крај, на вратот. Останете исправени, но опуштете се. Со издишување, вратете ја и десната нога во почетната положба.
Повторете, овој пат со спротивната нога и рака.
Напомена: Доколку имате повреда на грбот, оваа положба можете да ја вежбате единствено во присуство на наставник по јога.