Би требало да избегнуваме користење на ацетон и наместо него да користиме отстранувач на лак за нокти на природна база.
Квалитетот на ноктите зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и негата.
Ако не се храниме здраво, не пиеме доволно вода или премногу време поминуваме во затворен простор, толку е поголема веројатноста дека ќе ни бидат слаби ноктите.
Исто така, би требало да избегнуваме ацетон и наместо тоа да користиме отстранувач на лак за нокти на природна база.
Ако имате слаби нокти, се препорачуваат намирниците богати со витамини А, Б и Ц, како и железо. Но, ќе ви помогне и мешавина од три лажици маслиново масло, една лажица сок од лимон и една белка од јајце.
Измешајте сè, натопете ги ноктите во оваа течност и држете 10-15 минути, а потоа исплакнете ги со млака вода.
Можете да направите третман со вазелин, кој во голема мера ги навлажнува вашите нокти. Нанесете врз нив слој од вазелин, навлечете памучни ракавици и така преспијте.
Чаевите исто така можат да ги зајакнат ноктите – измешајте две лажички чај по избор, најдобро би било едниот да биде зелен, со неколку капки масло од пченични никулци, па додадете прстофат сол.
Чувајте ја оваа мешавина на вашите нокти пет минути, а потоа избришете ги со сува крпа.
Аргановото масло и лимон се одлични за нега на ноктите. Измерете еднакви количини на сок од лимон и ова масло и натопете ги ноктите 15 минути.
Исплакнете ги со млака вода, а третманот се препорачува само еднаш неделно.