Art & Crafts

Како да го ароматизирате автомобилот

Би сакале да го освежите воздухот во автомобилот, а не ги сакате вештачки мириси на елкичките или освежувачите на просторот. Применете некои од овие совети и вашиот автомобил секогаш ќе мириса убаво.

Во сад со дупчиња ставете миризлива сол и ставете ја во преградата на вратата на автомобилот или во преградата кај сувозачкото седиште – секогаш кога ќе го отворите, ќе ве пленат примамливи миризливи ноти.

Можете, исто така, да користите и свежо цвеќе, така што ќе го ставите на весници, на задното седиште или под него, па интензивно ќе мириса за време на сушењето.

Исто така, ќе постигнете добар ефект со етерични масла, како што се пачули, еукалиптус или лимон. Само ставете неколку капки на патосниците или навлаките и автомобилот ќе мириса со недели.

Можете да капнете од овие масла врз вашата омилена плишана играчка во автомобилот и закачете ја на ретровизорот или околу менувачот.

Ако сте љубител на мирис на лаванда, закачете ја вреќичката со ова растение каде што ви одговара, и секогаш кога ќе ја протриете, ќе се почувствувате како во поле со лаванда.

Треба редовно да втриете сода бикарбоната во патосниците, бидејќи совршено ги апсорбира непријатните миризби.

Напиши коментар