Sweet Home

Како да го освежите душекот по долгата зима

Правилно одржување на душекот го вклучува и неговото редовно проветрување и чистење од прашината, а во текот на зимските месеци тоа не е лесно да се постигне.

Еве како да го надокнадите тоа!

Особено кога станува збор за тешки душеци со големи димензии, домаќинките не успеваат да ги – како некогаш нашите баби – изнесат на сонце добро да се проветрат и исончаат.

Затоа е многу важно да го освежите по долгата зима: прво истресете го душекот со жица за тресење од една страна, усисајте го, потоа свртете го на другата страна и повторете ја постапката.

Сега измешајте чаша сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло од лаванда во една тегла, добро затворете го капакот и енергично протресете.

Посипете ја смесата над душекот и оставете го да отстои барем еден час. Тоа ќе го извлече вишокот на влага и нечистотија од душекот на површината, па затоа треба повторно да се исчисти.

Лавандата делува како пријатен дезедоранс, и докажано е дека нејзиниот мирис помага да се опуштите пред спиење.

Напиши коментар