Новите чевли можат да донесат многу проблеми додека не се „разгазат“. Со цел да не ви се случи тоа и да не добиете плускавци, постојат неколку начини да се омекнат вашите нови чевли и да ги направите поудобни.
НОВИТЕ чевли носат стари проблеми – плускавци. А тие толку знаат да се искомплицираат и прераснуваат во сериозни плускавци, за да го нарушат нормалното функционирање.
За да не ви се случи тоа, реагирајте што е можно поскоро.
– Излупете компир со средна големина и ставете го директно во новиот чевел, па оставете да одстои преку ноќ. Ќе ги омекне чевлите и наредното утро ќе „влетате“ во нив како да се веќе разгазени.
– Натопете ги со вода чорапите или весници, па исцадете ги добро, ставете ги во чевлите и оставете ги да се исушат. Како што се сушат, чевлите ќе се прошират и ќе се растегнат колку што е потребно.
– Кесите за замрзнување наполнете ги со вода и ставете ги во чевлите, а потоа ставете ги на 24 часа во замрзнувачот, така што водата ќе се претвори во мраз, кој ќе ги прошири чевлите.
– Направете раствор од алкохол и вода, пропорционално во однос 50:50 и со него истријте ги чевлите. Потоа облечете ги и носете половина час.