← НАЗАД НА БОЗА

Како да имате совршената фризура за време на дождливите денови?

Како да имате совршената фризура за време на дождливите денови?
83 Читања

Иако е пролет, за многу од нас омилената сезона, на нашиот беспрекорен изглед не му помагаат ненадејните промени на времето, кои се една од ретките омилени работи кога станува збор за пролетта.

Кога ќе започнат пролетните дождови, се чини дека секој ден е лош ден за косата. Но, мора ли да биде така?

Кога дождливите денови се нашата секојдневна рутина, важно е да вложиме малку повеќе напор во стилизирањето на нашата фризура, така што нашата коса ќе изгледа убаво, дури и кога тоа изгледа како невозможна мисија.

За време на врнежливи денови, невозможно е да се задржи рамната коса или совршените кадрици, кога од дождот ќе го изгуби волуменот и ќе стане безживотна.

Затоа фризурите кои подразбираат собрана коса се идеални за дождливите денови.

Ниската пунџа е многу софистицирана фризура, погодна за деновите на лошата коса, а многу е лесно да се направи. Се што ви треба е стегач за коса и неколку шноли.

Подеднакво ефикасни, исто така, се покажа и рибината коска, бидејќи вашата коса ќе се одржина место, и ќе изгледате многу модерно.

Ако сакате повеќе впечатлива фризура, надополнете ја вашата пунџа со интересни шноли, кои се многу популарни оваа сезона.

Со овие едноставни трикови, ќе имате совршена коса, дури и за време на дождливите пролетни денови.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk