Bridal

Како да изберете свадбена торта со незаборавен вкус

Вкусот на тортата е исто толку важен колку и обликот и декорацијата на овој десерт. Ви даваме совети како да го направите вистинскиот избор…

Светлата се гасат во салата, музиката ја свири вашата песна и свадбената торта украсена со огномет поминува низ салата.

Сите прво ќе забележат како изгледа тортата и како е украсена. Сепак, вкусот на свадбената торта исто така треба да биде впечатлив.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да одберете совршен тип на торта.

Размислете за целото мени кога донесувате одлука за видот на тортата. Вкусниот деликатес треба да одговара на остатокот од менито и да биде погоден крај на оброкот.

Дознајте дали некои од вашите гости се алергични на некоја состојка од тортата. Ова, се разбира, важи за свадби со помал број на гости, кога овие отстапки се изводливи.

Ако одите во слаткарница за да вкусите повеќе вкусови, не претерувајте. Најдобро е да им ги кажете на вработените вашите желби и да побарате од нив да ви понудат 3-4 различни вкусови.

Ако пробате премногу торти, вкусот може да се измеша и може да ви се појави мачнина.

Не избирајте „безбедни“ вкусови водејќи се според слоганот – тоа сите го сакаат. Така ќе добиете обичен десерт што никој нема да го забележи.

Доволно е да се избере вкус кој е различен, но само толку да ги интригира гостите, а не да ги изненади и да ги збуни. Не се сите љубители на кулинарски авантури.

И вкусот на тортата нека биде во знакот на вашата љубов. Ако вашиот прв состанок беше уживање во кафе, некои делови од тортата нека бидат со арома на капучино.

И не заборавајте, изберете вкус што вие и вашиот партнер го сакате, сепак тоа е вашиот најсреќен ден.

Напиши коментар