Најважното правило, кога ќе купите нова гардероба, е да се обрне внимание на тоа дали работите што ги сакате навистина и одговараат на вашата фигура, затоа што не постои потреба да се купуваат работи што нема да ни прилегаат и во кои нема да се чувствуваме убаво и привлечно.
Пролетта е време кога ги користиме здолништата како дел од нашиот омилен outfit, па за вас подготвивме совети кои ефикасно ќе одредат кој модел на здолниште најдобро ќе и одговара на вашата фигура.
Миди здолништа
Оваа сезона, миди здолништата се многу тренди, а особено плисираните здолништа со висок струк. Наборите на ова здолниште визуелно ќе ги прошират вашите колкови, а високиот струк ќе ја истакне вашата половина, а овој ефект можете дополнително да го истакнете со добар ремен. Овие здолништа се идеални за дами со тесни колкови.
Pencil здолништа
Стереотипот во кој pencil здолништaта се резервирани само за бизнис outfit-от, конечно е заборавен, па многу девојки со стил сега ги комбинираат во нивните дневни и вечерни комбинации.
Овој модел на здолниште ја следи линијата на вашето тело и може да направи да изгледате повитки, а ако сакате ова здолниште да ве издолжи, одберете модел со должина веднаш над колената.
Во ова здолниште, секоја жена ќе се чувствува подеднакво моќна и заводлива, така што во вашата гардероба мора да имате барем еден ваков модел.
Мини здолништа
Мини здолништата се совршен избор за жените со поситна градба, а особено се благодарни моделите со A-крој. Овој модел на здолниште дополнително ќе ве издолжи, а особено е добар во комбинација со чизми со пониска потпетица. Покрај модните класици – мини здолништата од тексас, оваа сезона многу популарни се моделите од кадифе, твид и сомот.