Секоја жена на некој свој впечатлив начин може да изгледа заводливо и секси. Ова може да го постигнете со вашата венчаница, но на едноставен и умерен начин, а притоа да не изгледате агресивно.
Модниот дизајнер Звонко Марковиќ укажува на тоа дека невестата треба да изгледа секси и провокативно и дека венчаницата е таа што треба да ги нагласи атрибутите и фигурата на невестата, за младоженецот да помисли „таа е вистинската“, кога ќе ја види.
Погледнете три интересни начини за постигнување на секси изглед на венчавката.
Гол грб
Ако не сакате горниот дел од фустанот да биде корсет, туку да има тенки прерамки или кратки ракави, тогаш одлична е идејата задниот дел од фустанот да е отворен.
Задниот дел на венчаницата може да биде во V-стил до половината на грбот, за фустанот да може стои. Ако е премногу отворен за вас, секогаш постои опција грбот да ви биде покриен со проѕирен материјал или чипка.
Така истовремено ќе изгледате во романтично, но и секси.
Струкиран фустан
Повеќето невести мислат дека со подолг и затворен фустан не можат да изгледаат заводливо. Тесна венчаница која ќе ја следи линијата на вашето тело е совршена за секси изглед.
Фустанот може да биде целосно струкиран и да паѓа право, или да се шири под колената, односно да изберете т.н. „сирена“ модел на фустан.
Шлиц на фустанот
Можеби многу невести нема да се одлучат за фустан кој има шлиц, но тој е идеален за невести кои се високи. Токму тој преден шлиц ќе ја истакне вашата нога секогаш кога ќе зачекорите.
Без разлика дали фустанот е лелеав или од цврст материјал, најважното е шлицот да не е премногу голем, за фустанот да не се поместува многу. Соодветната должина на шлицот би била до колената или малку над колената.
Со цел да се постигне секси изглед, најважно е да се најде вистинската мерка. Само толку колку да ја покажете најдобрата страна од вашата убавина како жена, а сепак да не откриете баш сè. М
ожете да се одлучите за еден од нашите предлози, а ако и вие имате некоја интересна идеја, споделете ја со нас и со другите идни невести.