Мода

Како да ја носите зелената боја!

Изберете ја маслиновата нијанса за casual комбинации.

Нема поубава боја која потешко се комбинира, од зелената!

Но, со неколку трикови, ќе изгледате како светска дива во оваа прекрасна нијанса!

  • Деловна комбинација

За деловни состаноци, одберете ги темните и(ли) понежни нијанси на зелената боја. Ако сакате да играте безбедно, искомбинирајте ги ваквите парчиња со класични детали и бои, како што се беж, црна и бела.

  • Спортска елеганција

Сите опции на маслиново зелена нијанса се одличен избор за casual комбинациите. Комбинирајте ги со кафеави нијанси и имајте на ум дека тие најдобро ќе се совпаднат со коњак-кафеава боја.

  • Релаксирана комбинација

Дополнете ги класичните сини фармерки со блуза со најубавата нијанса на зелена боја за тренди издание во кое што можете да одите и на работа и на кафе.

  • Гламурозна комбинација

Кога станува збор за комбинации за гламурозни настани, препуштете и се на вашата имагинација и експериментирајте со разни нијанси на зелена боја.

Напиши коментар