Приоритет за уредување на станот е проширувањето на дневната соба кое архитектот го изведе на сметка на терасата.
На прашањето како да го уредите постоечкиот стан од 60 м2, всушност, со голема тераса која не е неопходна, а од која што сопствениците со задоволство ќе се откажат во корист на поголема дневна соба, архитектот Немања Кисо даде рационален предлог.
„Ова е многу корисен предлог за оние на кои терасата не им е потребна и сакаат да уживаат во луксузот на голема и функционална дневна соба. Со отстранување на ѕидот добивме поголема дневна соба со трпезариска маса веднаш до кујната, што е многу практично решение“, го објасни својот предлог архитектот Немања Кисо.