Сите љубителки на природен и свеж изглед ќе имаат многу причини за радост, бидејќи сјајот за усни се враќа на голема врата во 2019 година.
Оваа пролет, шминкeрите ставија акцент на црвеникавите нијанси на сјај, од светло-црвена до боја на вино и корална.
Исто така, модерни се и седефесто розевите тонови и бојата на праска кои можете да ги вклопите во различните стилови на облекување, како во секојдневниот така и елегантниот.
Тренди исто така се и сјаевите со светки, како и оние кои даваат ефект на дијамантски сјај на усните. За да ги направите вашите усни да изгледаат пополни, изберете светкав сјај или оној со колаген.
А за да го задржите вашиот сјај подолго на усните, пред да го нанесете, исцртајте ги усните со молив со посветла боја и нанесете малку пудра. Ако сакате повеќе да ја потенцирате бојата, прво нанесете кармин, а потоа нанесете сјај.
5 совети за уште поголема долготрајност на сјајот за усни:
Пилинг – Да се задржи колку што е можно подолго на усните, потребен е редовен пилинг, но исто така и хидратација. Сјајот, исто како и карминот, подобро изгледа на мазни и негувани усни.
Четка – Ако структурата на вашиот омилен сјај е нешто погуста, можете да користите специјални четки за усни наместо апликаторот што доаѓа во пакетот.
Боја – Нетранспарентните нијанси траат подолго од безбојните бидејќи содржат полимери.
База за усните – го продолжува „опстанокот“ на производот на усните, без страв од разлевање на сјајот.
Молив – Нанесете еден слој на сјај, почекајте неколку секунди за да се апсорбира, а потоа „бакнете“ чисто марамче. Потоа, исцртајте го надворешниот раб на усните со молив за да спречите разлевање на сјајот.