Муралите (ѕидните слики со голем формат) направија големо враќање во домовите пред неколку години, како и фото тапетите.
Во текот на неколку сезони, нивната употреба е сведена на минимум, но ако сакате да постигнете впечатлив ефект во вашиот дом, без оглед на трендовите, размислете за фото-тапетите.
И додека повеќето луѓе сонуваат за спектакуларен поглед од нивниот дом, некои од нив избираат да создадат илузија за таков поглед преку реализација на фото тапет или мурал.
Најдоброто нешто кај фото тапетите и муралите е тоа што тие можат да се вклопат во секој дом, а според личните преференции, тие се вклопуваат совршено со минималистичкиот дизајн.
Најпопуларните опции се фотографиите од природата, особено бамбусовите шуми и големите градови.
На повеќето луѓе инспирацијата не им доаѓа сама по себе, туку за да го ујредат својот дом убаво, мора да ги видат готовите примери што ќе им се допаднат.
Затоа во продолжение ќе најдете слики од фото тапети кои совршено се вклопија во индивидуалните домови, за да ве инспирира ако барате начин да го освежите вашиот дом или да и дадете нов живот на собата.