← НАЗАД НА БОЗА

Како да направите Smokey Eyes ефект за вашиот голем ден

Како да направите Smokey Eyes ефект за вашиот голем ден
92 Читања

Ако сакате храбар изглед на свадбата, ова би можело да биде тоа.

Користењето на Smokеy Eye ефект за денот на венчавката е храбар потег – всушност, ако му го сугерирате на вашиот makeup артист ,за големиот ден, тој многу лесно може да ве советува против тоа – но ако тоа е нешто што го сакате и го носите во вашиот секојдневен живот, тогаш не се откажувајте од намерата.

Без оглед на тоа колку смел може овој изглед да биде, секогаш постои начин да се направи поблага свадбена верзија од него.

Еве, три совети кои ќе ви помогнат да го направите токму тоа.

Додадете светки

Ако сте тип на жена која редовно користи Smokey Eyes ефект, ќе сакате вашиот невестински изглед да изгледа малку поинаку од она што би го направиле во типична саботна вечер.

Една мала промена што можете да ја направите е да го прашате вашиот  makeup артист за опции со светки или сјај.

Допир на туш со светки на горниот очен капак, или малку сјајна сенка на средината од очниот капак, може да го направи вашиот вообичаен стил да биде малку погламурозен.

Прво пробајте неколку различни опции сами – NARS Hardwired Eyeshadows, колекција од метални нијанси, е одлична линија на производи ако сакате вашиот традиционален Smokey Eyes изглед да изгледа посебно.

Изберете друга нијанса

Сите Smokey Eyes ефекти не се исти. Сивите и црни производи даваат задушен изглед, но овој изглед може да биде груб за невеста (и на вашите свадбени слики!).

Наместо тоа, замолете го вашиот професионалец да користи длабоки кафеави или со боја на слива тонови за да создаде помек изглед на класичниот сензационен стил.

Друга уникатна опција? Длабоко зелена сенка за очи, која може да се користи за да се креира тој smokey изглед на поинаков начин.

Секоја од овие бои ќе создаде секси изглед кон кој стремите на посуптилен начин, соодветен на свадба.

Трепките се сè

Најдобар начин да го направите вашиот smokey eye невестински ефект е со комбинација со совршени трепки.

Додека одличната маскара може да го направи трикот, нема ништо слично како вештачки трепки за да ја додадете драмата.

Надополнете ги вашите трепки со индивидуални снопчиња на трепки ако сакате изгледот да биде малку посуптилен или одете на целосни вештачки трепки за исклучива гламурозност.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk