← НАЗАД НА БОЗА

Како да носиме точки оваа сезона?

Како да носиме точки оваа сезона?
111 Читања

Точките се исто така водечки тренд оваа сезона кога се работи за принтови.

Овој принт е идеален избор кога станува збор за впечатливи outfit-и, а овој пат, најдовме инспирација на instagram, каде што пронајдовме неколку начини да носиме точки оваа пролет.

Предноста на овој принт, секако, е во тоа што е класичен и тренди во исто време, така што можете да го носите во речиси секоја пригода.

Оние денови, кога сакате да изгледате романтично и женствено, изберете лесни, ретро фустани со точки, или интересни здолништа, кои посебно ја нагласуваат вашата фигура.

Кога станува збор за секојдневниот outfit, точките дефинитивно се идеален начин за разбивање на монотонијата и за „зачинување“ на својот едноставен outfit.

Имајте на ум дека овој принт е многу впечатлив и треба да ја пронајдете вистинската мерка со него. Црна блуза со бели точки, идеално се комбинира со длабоки бели панталони, додека белата блуза со точки може да биде вистинскиот избор со фармерки.

Важно е да застанете на едно парче со точки, затоа што не сакате да одите во крајност и да изгледате прешарено. Кога станува збор за точки, водечкото правило е: Помалку е повеќе!

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk