Мода

Како да носиме жолто оваа сезона?

Оваа пролет, дефинитивно уживаме во комбинацијата на стари и нови трендови, но посебно сме воодушевени со парчињата во жолта боја, која што е апсолутен must have, токму поради тоа што на секој outfit му дава повеќе живот.

Како омилена боја на сезоната, таа го привлекува секој поглед, многу е важно да ја комбинирате на вистински начин.

Жолтата боја во секоја модна комбинација, раскажува вистинска приказна за пролетта.

Повеќето жени, посветени на класичните модни outfit-и, ги избегнуваат жолтите парчиња, бидејќи тие подразбираат исчекор од комфорт зоната.

Со едно парче жолта боја можете дури и наједноставната комбинација да ја направите впечатлива, па лесната жолта блуза, можете да ја искомбинирате со вашите омилени фармерки и бели патики.

Фустаните со едноставни кроеви, а впечатливи жолти бои се идеален избор за секојдневните комбинации, оние денови кога немате многу време да изберете outfit, а сакате да изгледате убаво.

Жолтите детали, како што се чевлите и ташните, ќе го подигнат секој outfit на повисоко ниво, така што секогаш ќе изгледате шик и во духот на пролетта.

Напиши коментар