Здравиот и чист црн дроб обезбедува здравје, виталност, добар изглед и добро расположение, па затоа е неопходно да се задржи таков!
Најдобар лек за здрав црн дроб е секое утро да испиете лажица маслиново масло помешано со лажица сок од лимон на празен стомак. Потоа, можете да уживате во појадокот.
Народна медицина нуди многу рецепти за здрав црн дроб и здраво тело.
Затоа ви го претставуваме народниот рецепт за прочистување на овој витален орган.
Состојки:
- 5 дл вода (зовриена и изладена)
- 6 свежи лимони
- среден корен од ѓумбир
- 3 грејпфрута
- 4 чешниња лук
- 3-4 листа од свежо нане
- 3 лажици ленено масло
- 3-4 прстофати ким во прав
Подготовка:
Исцадете го сокот од лимоните и грејпфрутите, лукот и ѓумбирот исецкајте ги во блендер со малку вода и процадете со цел да не останат парчиња.
Измешајте го сокот со водата и измешајте го во блендер со кимот и лененото масло, додајте лук и ѓумбир, уште малку мешајте и пијте една чаша пред појадокот!