Sweet Home

Како да се претвори едноставна спална соба во луксузна

Со сите стресови со кои се соочуваме во секојдневниот живот, многу е важно спалната соба да биде место каде што можеме целосно да се опуштиме и одмориме.

Спалната соба е место за одмор и полнење на батериите за следниот ден. Преку правилниот избор на ткаенини, светла и декор инспирирани од амбиентот на SPA, можете да ја направите вашата спална соба најлуксузниот дел од вашиот дом.

– Поставете повеќе извори на светлина. Осветлувањето во просторијата ја прави разликата помеѓу стерилната и атрактивна соба. Можете целосно да го промените доживувањето со промена на изворот на светлина.

– Направете го креветот попривлечен. Креветот треба да биде во центарот на вниманието. Купете постелнина од ткаенина што ви се допаѓа и свртете го на онаа страна на која најудобно спиете.

– Користете смирувачки бои. Боите инспирирани од природата како кафеава, светло сина и зелена имаат релаксирачки ефект врз телото.

– Нека твојата соба мириса божествено. Мирисни масла или перничиња од лаванда можат да направат посебен амбиент.

Напиши коментар