← НАЗАД НА БОЗА

Како да се заштити најнежната кожа од сонцето

Како да се заштити најнежната кожа од сонцето
138 Читања

Експертите предупредуваат дека ова треба да биде секојдневен чекор во грижата за лицето, бидејќи ја штити кожата.

Примена на крема со заштитен фактор на кожата на очните капаци треба да биде дневен режим на нега и заштита на кожата, но многумина тој дел го „прескокнуваат“.

Тоа е особено случај кај жените, кои не ставаат крема со заштитен фактор на очните капаци, бидејќи тие сметаат дека тоа ќе им го отежне нанесувањето на шминката, според една студија објавена во списанието “Public library of science”.

Многу креми за нега на лице содржат заштитен фактор (SPF), вредности дури до 50, но тие не обезбедуваат доволно заштита ако поминувате цел ден надвор.

Една студија спроведена на Универзитетот во Ливерпул покажа дека со заштитниот крем сме повнимателни, додека со хидратантниот крем со заштитен фактор ги „прескокнуваме“ овие делови од лицето, вклучувајќи го и очните капаци.

Кожата на очните капаци е крајно деликатна и чувствителна, поради што треба дополнително да се заштити од сончевите зраци, кои можат да предизвикаат промени на кожата, па дури и рак на кожата.

Затоа, експертите советуваат дека очилата за сонце со заштита, со висок УВ фактор, можат да ја „заменат“ кремата ако ги носите цело време додека сте изложени на сончевите зраци.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk