← НАЗАД НА БОЗА

Kако да уредите стан од 45 квадратни метри за три генерации?

Kако да уредите стан од 45 квадратни метри за три генерации?
72 Читања

Овој стан може да се преуреди, така што сите генерации ќе имаат свој сопствен агол, а дневната соба ќе служи како спална – за еден човек. Таа ќе биде опремена со помала гарнитура за седење кој може да се спушта во кревет.

Со оглед на површината на станот, треба внимателно да го направите мебелот, за да ви остане доволно простор за гардеробер.

Со елиминирање на оставата, кујната би се поместила кон бањата, а сегашната ќе стане нова спална соба.

Новата кујна е релативно удобна, со пулт кон трпезаријата. Детската соба ќе биде веднаш до неа.

Спалната со дневна соба по потреба би се преградувала со хармоника врата или некоја друга подвижна преграда. Ова ќе овозможи кујната и трпезаријата да бидат достапни за сите од домаќинството.

Би било пожелно да се користат што посветли и неутрални бои.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk