Bridal

Како дождот да не ви го расипе расположението на венчавката?

И лошото време нека оди во прилог на доброто расположение и забава.

Можете да влијаете врз најголемиот дел од работите поврзани со свадбениот настан, но временските услови не спаѓаат во оваа категорија.

Ако прогнозата за денот на свадбата не предвидува убав и сончев ден за кој што си мечтаевте, нема причина да не уживате во најубавиот ден во вашиот живот.

Еве како да го искористите лошото време во своја корист.

Запомнете, тоа е добар знак

Ова не е само реченица за утеха за нервозната невеста. Во некои култури, лошото време на денот на венчавката всушност ја симболизира плодноста и е знак за долг заеднички живот.

Изберете интересни модни детали

Носете шарени гумени чизми или изберете интересни чадори и дадете и на вашата свадба личен печат. Ќе имате прекрасни спомени и многу необични свадбени фотографии.

Направете романтични фотографии

Можеби прво ќе ви се чини дека времето не е на ваша страна, но на дождлив ден можете да направите многу романтични и оригинални фотографии.

Направете топла атмосфера на прославата

Ако е можно, запалете камин во ресторан или послужете ги гостите со чај или топло чоколадо. Сигурни сме дека таква топла атмосфера долго ќе биде запаметена.

Одлично за освежување

Изненадниот обилен дожд може да биде делумно освежување ако свадбата е организирана во врелите летни денови.

Забавувајте се

Наместо да бидете нерасположени поради дождот на свадбата, опуштете се и уживајте! Побарајте од бендот да отсвири неколку песни за дожд и забавувајте се со вашиот партнер и гостите.

Напиши коментар