Аватарите на познатиот квартет наскоро ќе бидат на нашите мали екрани и турнеи.
Bjorn Ulveus од шведскиот бенд ABBA откри дека култниот состав ќе издаде нова песна во октомври оваа година, 37 години по распаѓањето на бендот.
И покрај тоа што велеа „никогаш повторно“, нештата се сменија – ABBA повторно ќе настапи и ќе гостува во емисии, но како аватари!
Ulveus откри во таблоидот “Extra Bladet” дека е „потребно многу време да се направи видео со аватарите на членовите на групата“ и дека нивните дигитални верзии ќе одржат и турнеја.
Аватарите на ABBA, кои ќе наликуваат на членовите на групата пред 37 години, ќе се појават на телевизиските емисии на BBC и NBC.
Додека не го видиме ABBA-тарот и не ја слушнеме новата песна, да ги послушаме старите хитови.