Убавина

Како најдобро да ја исушите вашата коса

Со цел вашата коса да изгледа убаво и негувано, споделуваме едноставни совети кои треба да ги користите при фенирањето.

  • Целосно сува коса

Фризерите тврдат дека најважно е да се отстрани сета влажност од косата. Важно е да знаете дека додека косата е ладна на допир, таа има влага во неа.

  • Обликување на кадрици

Денес, со речиси сите фенови за коса постои додаток за кадрава коса, распрашајте се кај продавачот.

Ако сакате поцврсти кадрици, притиснете ја косата поблиску до темето, а за опуштени, не ја притискајте воопшто вашата коса.

Повторувајте го виткањето и притискањето додека косата не е целосно сува.

  • Рамномерно сушење

Последното правило е дека косата треба да се исуши подеднакво во сите делови. Префрлувањето на косата во различни насоки за време на фенирањето овозможува рамномерно сушење.

Напиши коментар