Убавина

КАКО СЕ МИЕ КОСАТА СО СОДА БИКАРБОНА: наместо стотици хемикалии, користете природен шампон

Наместо шампон, користете сода бикарбона за миење на косата!

Модерните шампони често се многу штетни за здравјето на косата.

Благодарение на ефектите на разни производи, косата може да се проретчи и истенчи, а поради честото фарбање, „пеглање“ и фенирање, краевите на косата се кинат и „цветаат“.

Затоа, добро е повремено да се замени шампонот со природни средства за одржување на чистотата, а едно од нив е само сода бикарбоната!

Содата денес се користи за толку многу намени, тешко е да се одлучи што всушност е нејзината најдобра примена.

Овој природен лек е одличен за чистење на кожата и одржување на хигиената на усната шуплина, како и за лесен пилинг и третман на лицето па дури и наместо шампон.

Најдобар начин да се користи сода бикарбоната за миење на косата е да се измеша во сооднос 1 према 3.

Затоа, во зависност од должината на косата, се мешаат 2 до 3  лажици сода бикарбона со три пати поголема количина на вода и полека се нанесува смесата на косата, триејќи од коренот низ косата се до самите врвови на косата.

Оставете да делува околу три минути и потоа исплакнете темелно со топла вода.

Завршниот третман, кој делува и како благ регенератор, дава сјај и го олеснува расчешлувањето на косата со помош на јаболков оцет.

Растворете го јаболковиот оцет со топла вода во сооднос 1 према 4 и полека прелејте ја со овој раствор косата, втривајќи ја полека во кожата на главата и влакната.

Ако сакате, можете да му додадете неколку капки од вашето омилено есенцијално масло со мирис по желба на вашиот раствор.

На крајот, измијте ја косата со топла вода. Сода бикарбоната, исто така, може да се користи почесто како средство за миење на косата, но еднаш неделно ќе биде сосема доволно.

Напиши коментар