Sweet Home

Како живеат колекционерите долж амстердамските канали? Овој хотел ви нуди одговор

Прекрасниот ентериер на хотелот  Pulitzer Amsterdam.

Неверојатен хотел во срцето на Амстердам кој се состои од 25 историјски куќи од златното време кои се наоѓаат по градските канали.

Во рамките на новиот дизајн на ентериерот, архитектонското наследство од 400 години оживува на различни начини.

Куќите долж каналите стари 400 години се наоѓаат во срцето на амстердамскиот кварт, која е под заштита на УНЕСКО  светското наследство.

Jacu Straus е водечки креативен ум зад големиот проект за реструктуирање.

Новиот концепт на дизајн комбинира историски елементи со модерен комфор, инспирирани од жителите на тој кварт.

Секоја соба го задржува својот белег од минатото.

Оригиналните и историски елементи ги вклучуваат архитектонските греди во собите, гипсани ѕидни и тавански детали, голем дрвени скали и украсен резбан камин во собата Saxenburg.

Новодизајнираните „Апартмани на колекционерите“ се однесуваат на минатите жители на редизајнираните апартмани. Секој од четирите апартмани има свој уникатен детаљ како купола направена од книги во апартманот на колекционерот на книги, до ѕидот има труба во станот на колекционерот на музика и голема слика која покажува модерен амбиент од „Тајната вечера“ во станот на колекционерот на уметнички дела.

Секој апартман има свој влез од каналот Keizersgracht кој дава вистинско чувство на живот во амстердамски стан.

Напиши коментар